Saturday, March 23, 2013

ѓоко здравески, куќичка за птици-преселници


  

Dizajn korica za knjigu pesama na makedonskom
куќичка за птици-преселници (kućica za ptice-selice), čiji je autor Ѓоко Здравески
Izdavač: Antolog, Skoplje, Makedonija
(može se kupiti ovde)

Cover design for the poetry book in Macedonian
house for migratory birds by Đoko Zdraveski
Publisher: Antolog, Skopje, Macedonia





автобусот е речиси празен

кондуктерот ги проверува картите
шоферот се кара со патниците
патниците ги караат своите деца

циганка со бебе во рацете бара милостина
таму каде што патниците го чекаат
својот кусур

пушачите ја допушуваат цигарата
и догорчето го фрлаат
до корпата за отпадоци

семкарот никогаш не грицка семки

вљубениот ѝ пишува порака на љубената
љубовникот на швалерката
на полковникот нема кој да му пишува

пензионерите читаат вечерње новости
и чуваат замастен чешел во внатрешниот џеб
од карираното палто

оние што доцнат
стигнуваат навреме

оние што се веќе таму
чекаат

и сето ова
има некаква смисла




  Promocija knjige u Strugi, Makedonija, 17. maj 2014.

No comments:

Post a Comment